Како борбата со инфертилитетот влијае на Вашите партнерски односи и врските во опкружувањето?
•Фактот дека неплодноста може да има големо влијание на менталното и физичкото здравје на мажите и жените.Таков резултат на борба со инфертилитетот е потполно очекуван.
•Хормони,разочарување,иглички и тестови влијаат на секојдневната состојба и расположение.Нема начин да се опише беспомошноста кои паровите ја чувствуваат во период кога се обидуваат да основаат семејство и во тоа не успеваат.
Како и секој настан кој го обележува еден период од Вашиот живот така и овој влијае на бројни односи со Вашите блиски луѓе.
Истражувањата покажуваат дека борбата со инфертилитетот е сепак многу осамено искуство.Паровите многу често чувствуваат необјаснив срам да разговараат за својот проблем со блиската околина и кога се наоѓаат во окружување на парови кои “лесно” засноваат семејство
Односот со љубовниот партнер е еден од оние односи кој најтешко се одржува.
Инфертилитет и романтичните врски
Ништо не го убива љубовното расположение повеќе од месечниот распоред на термини на сексуални односи кога се распоредени како по војнички режим.А потоа следи разочарување предизвикано со неуспех и ситуациајта дополнително се комплицира.
Сознанието дека морате да правите “нов” распоред во само неколку наредни недели сигурно го повишува стресот.
Не е изненадувачки дека едно истражување открило дека мажите во врска кои се борат со инфертилитет чувствуваат помалку задоволство во спалната соба.Тој недостаток засигурно предизвикува ментален притисок кој е присутен секој месец.
Истата студија открива дека жените повеќе се фокусирани,но исто така току задоволни од сексуалниот чин колку и мажите.И доколку партнерите немаат добра комуникација,овој нов режим во односите може да предизвика неугодност и оддалечување.
Заблуда е дека Zaовулациајта се случува 14-от ден од менструалниот циклус.Вистината е дека варира од жена до жена.Некои жени влегуваат во овулациај 10-от ден,додека кај други тоа се случува 22-от ден.На крај на денот,стручните лица препорачуваат да не гледаме статистика,туку да го следиме сопственото тело.
Исто така,се наметнуваат многу нови негативни емоции кои не постоеле претходно.Останатите проблеми во нашиот живот можат ад се споделат со најдобрите пријатели-ситуација на работа,озборувања од родниони или решавање на секојдневните двоумења.Меѓутоа,не и овој проблем.
Многу парови одлучуваат својата борба против инфертилитет да ја држат во тајност и всушност тоа резултира со преголем притисок на двата партнера,бидејќи знаат дека на таа тема разговараат само меѓусебно.
Кај повеќето парови,поединците на различни начини се соочуваат со разочарувањето и тагата.Можеби секој од нас би се почувствувал огорчено дека партнерот го обвинува за “претерување” или „катастрофално напорно однесување“.
Двајацата партнери можат да се почувствуваат на начин дека другата половина “не се грижи доволно”.Или,постојат партнери кои реагираат на Вашата тага обидувајќи се да го “поправат” она што не може да се поправи.Се што всушност е потребно е да заедно седите,споделувате утеха и подршка еден кон друг,без многу објаснувања зошто доаѓа до неуспех.
Чувството на вина и огорченост лесно можат да влијаат на паровите кои поминуваат низ различните третмани на борба за плодност.
Ако сте жена која се подвргнува на инвазивен третман за плодност како резултат на неплодност на машкиот фактор,ќе чувствувате огорченост после секоја инекција,земање на крв или негативен тест за бременост.Или,ако тоа се третмани како резултат на Вашата сопствена дијагноза ,можно е да чувствувате вина за “дисфункција на своето тело”.
Како да ги одржувате своите односи додека се соочувате со неплодност
Додека се подвргнувате на третмани за плодност,Вашиот друштвен круг може да изгледа навистина мал и стеснет.Може да изгледа како само Вие и Вашиот лекар да тргнувате кон заеднички, несигурен пат.Ако односите ви се заострени во моментот кога Вам ви се најпотребни,еве неколку совети кои ќе Ви помогнат да ги одржите.
Одлучете кому ќе му верувате и ќе го споделувате Вашето искуство
Иако Ве советуваме да го растеретите Вашиот однос со партнерот со тоа што уште некој ќе биде упатен во се што преживувате во борбата против инфертилитетот,исто така мора да водите сметка која ќе биде таа личност.Некогаш тоа може да биде личност со која и не сте толку блиски,меѓутоа чувството за мерката во разговорот,дискрецијата и хуморот кога Вам ви е тоа потребно, може да бидат вистинската работа во тешките моменти.
Изградете нови врски
Иако велиме дека неплодноста е осамено искуство ,реалноста е дека не сте сами.Дурии еден од 8 парови се борат со инфертилитет,а третманите за плодност се во пораст.Тоа значи дека многу луѓе кои ги познавате тивко патат како и вие.Заедница на луѓе кои поминуваат низ истото искуство можете да ја пронајдете ,помеѓу останатото,на оваа страница https://bebo.club/.
Побарајте ја помошта која Ви е потребна
Без оглед на тоа да ли сте одлучиле да го споделите искуството или ќе го чувате помеѓу Вас и партнерот,известете го Вашиот систем за видот на комуникација која Ви е потребна.Луѓето не можат сами да оценат која динамика на разговор Ви одговара,се додека не кажете.Дајте им до знаење што Ви е потребно.
Направете го истото со Вашиот партнер.Ако сакате да седат со вас во моментите на тага,наместо да го решат проблемот,кажете им го тоа.Или ако Ви е потребен некој кој ќе ја отргне маглата пред Вас и ќе Ви даде реален поглед на ситуацијата ,побарајте го тоа.Секој стил на комуникација е поинаков,што не значи дека позади различни стилови не се крие истата намера-добра намера.
Создадете простор за романтика и забава
Иако сексуалниот однос во текот на периодот кога се борите со инфертилитетот може да произведе чувство на исчекување,анксиозност и разочарувања,и понатаму постојат начини да бидете интимни без притисок.
Секако не е едноставно,ама постојат мали ритуали и “цаки”кои можат да ве вратат на патот кон спонтаноста и романтика.За почеток одредите ден кој ќе биде ваш “date night”. Дали тогаш ќе гледате претстава,филм,ќе се бавите со спорт или ќе отидете на вечера,потполно е неважно.
Важен е моментот кога другата активност ќе биде во фокус,а не она на што сте биле навикнати да бидете фокусирани.
Поделете дел од тераијата
Пронајдете начин да заедно го сносите теретот и одговорноста во оваа борба.Добар избор за за таков заеднички ритуал може да биде употребата на Profertil ,храната за посебни медицински намени,кој е посебно формулиран и за неа и за него.
Profertil е токму таков производ со кој можете да влијаете на крајната цел.
Всушност, Profertil е храна за посебна медицинска намена кој има ефект и кај мажите и кај жените.Кај мажите влијае значително на подобрување на бројот и брзината на сперматозоидите,подобрување на сликата на спермограмот,додека кај жените влијае на создавање на здрава основа за зачнување.
Препаратот има утврдено дејство низ неколку релевантни клинички студии.
Важно е да се напомене дека Profertil е производ без хормони за кој постојат клинички докази кои ја докажуваат неговата ефикасност при употреба.
Ова се некои од нашите предлози како да се носите со предизвиците на одржување на односот со партнерот и околината додека се борите со инфертилитетот.Доколку сакате,пишете ни и споделете ги Вашите искуства со нас,а ние ќе ги објавиме на нашитѕе социјални мрежи!Вашето искуство може да помогне на другите кои поминуваат низ истото искуство.