СЕГА ЈАСНО ГЛЕДАМ
Спермограм


•Спермограмот е важна метода во тек на проценка на плодноста на мажот.Таа се спроведува по инструкции на Светската здравствена организација.Фокусот на тестирање е проценка на сперматозоидот по прашање на нивната концентрација,подвижност и облик.
•Спермограмот подразбира микроскопска анализа на ејакулатот во тек на проценка на плодноста на мажот. Поточно,се однесува на список на сите наоди собрани во тек на преглед на спермата.
ПАТ ДО ИЗВЕСНОСТА
Спермограмот е најважното испитување за процена на плодноста кај мажите.Примерок на спермата се зема со мастурбација во стерилни услови,по можност директно на место на преглед како би се овозможила брза обработка и анализа на примерокот. Ејакулатот се прегледува под микроскоп во лабораторија.Заклучокот е дали лош квалитет на сперматозоидите влијае на неплодноста само со согледување на сите фактори како што се квантитет,подвижност и квалитет на сперматозидите.Мал број на сперматозоиди во ејакулатот не се еквивалент на стерилитет,но може да значи дека ќе биде потребно повеќе време за успешно оплодување на јајце клетките кај жената.Сперматозоид со ограничена подвижност или абнормален облик, исто така негативно влијае на природната репродукција.
За што треба да се размислува доколку се врши преглед на спермограмот?
•Спермограмот се изведува најмалку после 2 дена на сексуална апстиненција.
•Следниот преглед на спермограмот треба да се повтори после околу 4 недели..
•За анализа на спермата неопходна е екстракција со мастурбација.
•Преглед кај уролог е неопходен за ад се исклучат фактори како што е варикоцела.
КРИТЕРИУМИ НА СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА
«НОРМАЛЕН СПЕРМОГРАМ»
•Се очекува повеќе од 15 милиони сперматозоиди по милилитар на семената течност во запремнина на ејакулат од најмалку 1,5 мл.•Исто така ,повеќе од 32% на сперматозоиди треба да има брзо движење нанапред,а најмалку 4% треба да бидат нормално формирани сперматозоиди.Ако овие критериуми се исполнети,се смета дека мажот е способен за репродукција.
•Покрај наодот на сперматозоидите,ејакулатот не треба да содржи повеќе од милион по милилитар леукоцити.За да бидат резулатите што подоверливи,ејакулатот треба секогаш да се анализира два пати.
•Ако спермограмот е патолошки (абнормален) т.е. еден или повеќе параметри одстапуваат од нормата на СЗО,неопходен е третман.
••Постоечкиот СЗО (од 2010 .) стандард побарува да во еден милилитар ејакулат бидат присутни повеќе од 15 милиони сперматозоиди.Запремнината на ејакулатот не смее да биде помала од 1,4 милилитри.
СЗО 1998. | СЗО 2010. | |
---|---|---|
Волумен на ејакулат | 2ml | 1,5ml |
Вкупен број на сперматозоиди во ејакулат | 40 mill. | 39 mill. |
Број на сперматозоиди | 20 mill./ml | 17 mill./ml |
Прогресивна подвижност | 50% | 32% |
Витална подвижност | 75% | 38% |
Морфолошки нормална сперма | 30% | 4% |
Вкупна подвижност | 50% | 40% |
pH вредност | ≥ 7,2 – 7,8 | ≥ 7,2 |