KAКО ФУНКЦИОНИРА ПРОИЗВОДСТВОТО НА СПЕРМАТОЗОИДИ
•
Хормоните играат одлучувачка улога во производство на сперматозоиди (сперматогенеза).Хипофизата го создава хормонот познат како фоликостимулирачки хормон(FCH). Лутеинизирачкиот хормон (LH) се создава во исто време. Додека двата хормона доведуваат до созревање на јајце клетката кај жената,кај мажите тие се одговорни за формирање на сперматозоидите.
•Бројот на произведени сперматозоиди кај мажите зависи од многу различни фактори,како што се неговата генетика,опкружување,физичка состојба и честота на сексуални контакти.Поради тоа,бројот на сперматозоиди може да варира од личност до личност.Просечен,сексуално зрел маж има на располагање од две до три милијарди сперматозоиди.Со оглед на тоа дека сперматозоидите во семиферната тубула непрекинато се обновуваат ,овие резерви се секогаш мешовит збир на сперматозоиди во различни фази на старост.
• На прва рака ,процесот на производство и созревање може да се чини краток,во траење од два до три месеци (т.е. секои три месеци се формира нов сет на сперматозоиди во пасеменик(тестисите)). Меѓутоа,единствено само потполно созреаните сперматозоиди имаат шанса да ја оплодат јајце клетката. Со тоа, два до три месеци се доволен период да нарушувањата во развојот на сперматозоидите имаат фатално влијание на зачнувањето.
ШТО ИМ Е ПОТРЕБНО НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ
•
Во тек на созревање на сперматозоидите ,телото побарува различни хранливи материи како што се аминокиселините,микронутриенсите,витамините и супстанци налик на витамините во различни фази од развојот.Оптимални предуслови за нормална и здрава спермиогенеза се загарантирани само ако се обезбедени овие посебни витални супстанци.
•Одредени животни ситуации и нездрав начин на живот можат брзо да доведат до недостаток на тие супстанци,што соодветните личности во поголемиот број на случаи не го ни забележуваат. Одозгора,сперматозоидите неповолно реагираат на надворешни фактори како што се инфекции,лекови и рентгенски зрачења