Машката неплодност
Што точно значи неплодност кај мажи?
•Неплодност е медицински израз за стерилитет. Тоа е случај кога при редовни сексуални односи без контрацепција не се случува бременост во рок од 12 месеци.
•Постои општа разлика меѓу примарна и секундарна неплодност:
•Примарна неплодност:
Мажот никогаш порано не учествувал во зачнување на дете.
Секундарна неплодност:
Мажот учествувал во зачнување на едно или повеќе деца,со сегашната партнерка или со друга жена
•Кога се работи на испитување на причините за неплодност,во многу случаи жената ќе се прегледа пред тоа да го стори партнерот,иако во 50% од случаите причина за неплодност е пронајдена кај мажот.
Што предизвикува неплодност?
•Неплодноста кај мажот има повеќе причини.Генетика,стрес,промена во животните навики и навиките во исхрана водат до значително намалување на производството и квалитетот на сперматозоидите.Желбата за потомство е неостварлива за околу 15% од паровите,дури и после една година на незаштитени сексуални односи.
•Постои основна разлика помеѓу наследни и стекнати нарушувања.Покрај тоа,се прави разлика помеѓу болест која се однесува на хормонска контрола на активноста на тестисите (oкoлу 12%), болест на создавање на сперма во тестисите (oкoлу 30-40%) и болест на системот за транспорт на спермата (oкoлу 10-20%).
NEPLODNOST ZBOG
MEDICINSKIH UZROKA
Болести на тестиси | Болестите на тестисите и пасеменикот како воспаленија,варикозни вени или тестикуларна торзиај обично ги погодува младите мажи и треба да се разбере многу сериозно,затоа што може да ја нарушат плодноста. |
Нарушување во производство на хормони | Хормоните,поточно фоликулостимулирачкиот хормон,го контролираат производството на сперматозидите во тестисите.Доколку не постои доволен број на фоликулостимулирачки хормон во телото,треба да се разгледа можноста за хормонско лечење. |
Варикозни вени на тестисите (варикоцела) | Варикоцела или варикозни вени во пределот на тестисот и сперматичната врвца.Оваа состојба ги погодува околу 15% од сите мажи.Нелечена варикоцела се честа причина за неплодност кај мажите,затоа што згрутчувањто на крв во скротумот може да ја повиши температурата на тестисте за 0,5-1C°, што за возврат има штетно влијание на производството на сперма. Варикоцела е причина за неплодност кај 25-40% на сите неплодни мажи. Во студија посебно дизајнирани за мажи погодени со субклиничка варикоцела,покажано е дека земање на PROFERTIL® во тек на најмалку 3 месеци подобрување на сите параметри на спермата. |
Антитела на сперматозоиди | Со оглед дека производството на спермата почнува во тек на пубертетот,телото може да ги идентификува сперматозоидите како страни тела и да развие антитела.Овие антитела можат да ја намалат шансата за зачнување. |
Нарушувањена семените канали | Сперматозидите созреваат во пасеменик.Пасеменик (epididymis) е парен орган,завиен,долгнавест,на задната ивица во горниот дел на тестисот.Долг е 4 – 6m, со дијаметар 0,3mm, а на опашката се надоврзува семеводот.Главата на пасеменикот е споена со тестисот.Пасемениот канал (ductus epididymidis) е исполнет со сперматозоиди.Дури и најмало воспаление може да доведе до адхезија. Со ова нарушување на транспортот на сперма,сперматозидите не се во можност да се поврзат со течноста на спермата,што остава премалку недопрена сперма во ејакулатот,или воопшто ја нема. |
НЕПЛОДНОСТ ПОРАДИ НЕЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ
Доколку медицинските причини за нарушување се исклучени,
•моментално науката претпоставува дека причината лежи пред се во начинот на живот и навики во исхраната
Вишок на килограми | Прекумерна тежина од само 9 килограми го зголемува ризикот за неплодност од 10%.Особено,зголемување на маснотиите во пределот на стомакот го намалува слободниот,биолошки активен дел на тестостерон. |
Пушење | Пушењето влијае на густината и подвижноста на сперматозоидите,како и обликот (морфологија).Може да се претпостави директно влијание на функцијата на тестисите и сперматогенезата (созревање на сперматозоидите).Метаболитите од состојките на цигарите можат да предизвикаат воспаление во гениталниот тракт што може да доведе до оксидативно оштетување на спермата. |
Алкохол | Тешка хронична злоупотреба на алкохол може да има токсични ефекти на тестисите.Ова се изразува со нарушена сперматогенеза (созревање на сперматозоидите).Ова може да ја влоши подвижноста и обликот на сперматозоидите. |
Исхрана | Нездрава исхрана може да доведе до развој на недостаток на микронутриенси и да резултира со ограничен квалитет на спермата.Конкретно,витамини и други микронутриенси кои се внесуваат преку храна служат како кофактори на ензимските реакции и имаат антиоксидативно дејство. |
НЕПЛОДНОСТ ПОРАДИ НАДВОРЕШНИ УСЛОВИ
Храна | Истражувањата покажуваат дека овошјето и зеленчукот веќе не содржат толку витамини како што некогаш имало.Квалитетот на храната е влошен поради интензивна употреба на притисок. |
Старост | Квалитетот на сперма може да почне да се намалува со навршени 35 години.За партнерките кои се помлади од 30 години со партнер повозрасен од 40 години ,шансата за зачнување е веќе помала за 25%,отколку со помлад партнер.И покрај овој факт,повозрасните татковци се се почеста појава во модерниот свет.Денес е таков трендот да се повеќе број на мажи се определува за татковство дури откако ќе се оствари на полето на кариера или после некои одредени животни пресвртници.Како резултат на тоа,многу мажи своето татковство го започнуваат во своите 40-ти години.Меѓутоа,многу од нив не успеваат без претходна компликација или интервенција ,од причина што науката сега знае колку возраста влијае на квалитетот на сперматозоидите,како што е влошувањето на бројот и подвижноста на спермата. Хромозомските промени (разбивање на низите на ДНК) во спермата се јавува почесто со годините. |
Бифенол A (BPA) | Бифенол A (BPA) е пластификатор и една од најчестите користени хемикалии.ВPA се наоѓа во многу потрошувачки производи,шишињата за пиење и пластичната амбалажа за храна. На внатрешната обвивка на лименките исто се наоѓаат трагови на BPA. Употребата на BPA за производство на пудри за бебиња е истовремена иронична и алармантна.Истражувачите од Мичиген откриле дека кинеските работници во фабрика на производствена линија кои биле изложени на BPA,имале сексуална немоќ,еректилни проблеми и проблеми со ејакулација. Истражувачите исто така покажале поврзаност помеѓу вредноста на бифенол А во примероците од урина и концентрацијата на хормонот на плодноста кај работниците.Американските истражувачи ја споредиле вредноста на бифенол А во урината на 218 работници со нивниот квалитет на сперма.Откриено е дека BPA го зголемува ризикот од лош квалитет на сперматозоидите за два до четири пати. Тоа ги вклучува концентрацијатра на спермата,виталноста и подвижноста потребна за оплодување. |
Лекови | •Доленаведените лекови можат да го нарушат сексуалниот нагон и да предизвикаат еректилна дисфункција,а во некои случаи и намалена ејакулација: Антидепресиви: лекови кои се користат за лечење депресија. Транквилизери: лекови за смирување. Антихипертензиви: општ израз за лекови кои го снижуваат крвниот притисок.Заедно со промената на животниот стил,ја сочинуваат основата на антихипертензивната терапија. Антиепилептици: лекови кои се користат за лечење на епилептички болести. Кардиолошки лекови : лекови кои се користат за срцеви заболувања. Во медицината,терминот „ендокрино нарушување “ се однесува пред се на жлездите.Сите жлезди во човечкото тело кои произведуваат хормони и се ослободуваат во крвотокот се нарекуваат ендокрини жлезди.Одредени лекови можат да ги попречат ендокрините регулативни механизми,кои за возврат можат да влијаат на плодност : Анаболични стероиди: општ термин за група на лекови кои се користат за изградба на мускулна маса. Aнтиандрогени: лекови кои го инхибираат делување на машки полови хормони. Некои супстанци можат да го кочат процесот на созревање на сперматозоидите (сперматогенезата): •Цитостатски лекови: лекови кои се користат во лечење на малигни заболувања.Лековите кои делуваат во механизмите,доведуваат и до оштетување на здравото ткиво и не можат целно да уништуваат само малигни клетки. Сепак, поради фактот дека малигните клетки не поседуваат заштитни биолошки механизми ,нормалните ткива се обновуваат ,додека малигните клетки трајно се уништуваат. Овој недостаток на цитостатска терапија,односно дејството врез нормални ткива,е причина за појава на голем број несакани дејства на овие лекови. •Антибиотици: супстанци кои имаат инхибиторно влијание на метаболизмот на микроорганизмите ( на пр. бактерии),спречувајќи ја нивната репродукција или опстанок. •Имуносупресиви: лекови кои го сузбиваат нормалното функционирање на имунолошкиот систем. |
Температура | Нормалната температура на тестисите е 35°C.Влијанието на топлината (на пр. работа со челик,долгото седење на професионалните возачи,заварувачите,често одење во сауна итн.) можат да предизвикаат пораст на температурата во тестисите,што може да ја наруши плодноста. |
Оригиналниот текст е превземен од страницата: https://profertil.eu/