ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ,
АКО САКАТЕ ЗАЧНУВАЊЕ
1. фаза
•Проценка на медицинската историја,гинеколошки преглед,ултразвук,протокол на циклусот,мерење на температурата веднаш после будење (базална температура),сексуален однос во оптимално време,анализа на хормони.
2. фаза
•Спермограм (проценува количина,подвижност и облик на спермата), постапката ја спроведува уролог;следење на циклусот со помош на ултразвук (слузница на матката),анализа на хормони,сексуален однос во оптимално време.
Доколку спермограмот покажува абнормални резултати,се препорачува мажот да почне со употреба на PROFERTIL® капсули во оваа фаза, после консултација со лекар.Во многу случаи можно е да се избегне третата фаза,т.е. вештачкото оплодување.
3. фаза
•Во случај на абнормални резултати во втората фаза или ако жената има блокирани јајцеводи,препорачан пристап е вештачкото оплодување (IVF).
•Како дополна на IVF третманот, PROFERTIL®ја зголемува шансата за успех.
•Можно е да се постигне постепено подобрување и ICSI третманот идеално да се избегне. ICSI терапијата се препорачува кога квалитетот на спермата е исклучително лош (помалку од пет до десет милиони по милилитар) или кога е лоша морфологијата на сперматозоидите (нивниот изглед и облик).
МЕТОДИ НА ТРЕТМАН
Хормонска терапија | •Ако причината за неплодност е хормонското нарушување кај жената,обично се започнува со хормонска терапија.Различни лекови можат да го регулираат неправилниот циклус и да ја придвижат овулацијата.Ако мажот не може да зачне дете, лекарот исто така ќе препорача лекови во некои од случаите.Такви лекови можат да се користат за лечење на нарушувања во хормоните (на пр. недостаток на тестостерон). |
Инсеминација (пренос на сперма) | Инсеминациајта подразбира да лекарот вбризга концентрирана семена течност во матката ,вагината,грлото на матката или јајцеводите.Оваа метода се разгледува ако квалитетот на спермата е малку нарушен или ако грлото на матката е толку оштетено со лузни (поради инфекции или воспаленија) да сперматозоидите имаат потешкотии да дојдат до матката.Понекогаш е неопходно да јајниците се стимулираат со хормони пред инсеминација. |
Вештачко оплодување (IVF) | •Оваа техника подразбира јајце клетката да се оплодува надвор од телото.•IVF се зема во предвид ако,на пример,јајце клетките не доаѓаат до матката бидејќи истата е адхезивна како последица на воспаление. IVF исто така може да помогне за зачнување доколку во матката има израстоци (миоми) или се наоѓаат антитела против сперматозоидите,ако квалитетот на сперматозидите не е одговарачки,или дури и тогаш кога не може да се утврди причината за неплодност. |
Интрацитоплазматична инекција на сперма (ICSI) | Со интрацитоплазматична инекција на сперма (ICSI), докторот вбризгува сперма директно во јајце клетката. ICSI се зема во обзир кога сперматозоидите не се во состојба независно да ја оплодат јајце клетката,независно дали внатре во телото на жената или во епрувета. ICSI исто така се разгледува кога жената не може да забремени,и покрај лечењето со IVF методата. |
Оперативно вадење на сперма | Собирање на сперма од пасеменик (микрохируршка аспирација на спермата MESA) може да помогне ако семеноводот се затвори и не може да се отвори со оперативен зафат или ако спермата во примерокот од сперма не се придвижува.Ова е опција ако мажот не може да ејакулира,на пример во случај ако е параплегичар или е опериран од тумор.Ако MESA не може да се изврши,некои лекари препорачуваат TESE (вадење сперма од тестиси), каде лекар ја вади спермата од тестисите. MESA и TESE секогаш се комбинирани со ICSI техниката. |
Операции | Операцијата може да помогне во постигнување на зачеток ако јајцеводите се затворени или ако адхезии на стомакот спречуваат бременост. Хирурзите понекогаш можат да ги отворат семените канали,на пример после операција на ингвинална кила. |