Фактори на здрави

сперматозоиди

Подвижност на сперматозоидиСтепенот на подвижност на сперматозидите е важен фактор кога се говори за ефикасност на движење во гениталниот тракт на жената.Ако сперматозоидите не се доволно брзи,ќе изумрат пред воопшто да стигнат до јајце клетката.
Подвижноста се дели во три категории:
• Прогресивна подвижност –движење кон напред
• Непрогресивна подвижност– сперматозидите се движат во круг
• Неподвижност – без движење
Подвижност се смета за нормална кога повеќе од 32% на сперматозоиди се движат прогресивно.
Број на сперматозоидиБројот или концентрацијата има и прогностичка и дијагностичка функција во тек на оценување на плодноста. Со проценка на бројот или концентрацијата,може да се утврди количината на сперма која се пренесува во тек на сексуалниот однос.Ова понатаму ја чини можна проценката за производство на сперма,резервата на сперма во пасеменик и одржливост на системот за транспорт на спермата.
Морфологија
(изглед)
Игледот на спермата е пресуден елемент во проценка на плодноста.Тоа е поради тоа што обликот на сперматозоидите може да влијае на неговата способност да досегне и продре до јајце клетката.Човечките сперматозоиди можат морфолошки да се оценат преку разни критериуми,при што микроскопски утврдените нарушувања на дел од главата,средниот дел и опашот можат различно да се класифицираат.Морфологијата се смета за здрава ако повеќе од 4% на сперматозоиди имаат нормален облик.  
Виталност
(одржливост)
За одредување на виталноста се користи анализа на уделите од живите сперматозоиди во ејакулатот.


ЛОШ КВАЛИТЕТ НА СПЕРМАТОЗОИД

ОЛИГОСПЕРМИЈА/АЗОСПЕРМИЈА

(премалку сперматозоиди во ејакулатот) поради:

Ограничено производство

Причини:

•Стрес

•Инфекција

•Хормонски нарушувања

•Дијабетес

•Оперирани тумори

•Аномалија на локацијата

•Генетски фактори & фактори на опкружување

•Алкохол или злоупотреба на дроги

Нарушен транспорт на сперма

Причини:

•Воспаление

•Варикоцела (варикозни вени)

•Генетски нарушувања

Бројни студии покажале подобрување на сите параметри на спермата релевантни за плодност (вклучувајќи ги бројот на сперматозоиди и волумен на ејакулат) после земање на  PROFERTIL®  капсули во период од најмалку 3 месеци.

ЛОША ПОДВИЖНОСТ НА СПЕРМАТОЗОИДИТЕ

астенозоспермија

(сперматозоидите во ејакулатот не се движат доволно)

•Студиите во повеќе наврати потврдиле дека подвижноста на сперматозоидите може да се подобри со користење PROFERTIL® капсули најмалку 3 месеци.Поточно,уделот на сперматозоидите кои се движат кон напред се зголемил,што е важен предуслов да сперматозоидите дојдат и ја оплодат јајце клетката.

ОАТ СИНДРОМ

олигоастенотератозоспермија

Тродимензионална патолошка промена во спермата

Три фактори на ОАТ синдромот:

•Премалку сперма (oligo)

•Недоволна подвижност на спермата (asteno)

•Зголемен број на неправилно обликувани сперматозоиди(terato)

Причинители за OAT синдром

•Неисправна позиција на тестиси

•Варикоцела

•Хромозомски аномалии

•Хормонски нарушувања

•Инфекции

•Лекови

•Алкохол/дрога

Студиите во повеќе наврати потврдиле дека конзумацијата  на PROFERTIL® капсулите ги подобрува сите параметри на сперматозоидите кои се релевантни за плодност и зголемување на шансите за успешно зачнување.

Ниедна друга формула не достигнала стапка на бременост од Ø 25-41%.

Со оглед на тоа што OAT синдромот подразбира мал број сперматозоиди,недоволна подвижност на сперматозоидите и неправилно обликувани сперматозоиди, PROFERTIL® може значајно да влијае на подобрување на плодноста.

ПРЕКИН ВО СТРУКТУРАТА НА ДНК НИЗИТЕ ВО СПЕРМАТА

ГЕНЕТСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ ОШТЕТЕНИ

•Во ембрионалниот развој генетските информации се пренесуваат во ново создадени клетки во текот на процесот на делба на клетките.Меѓутоа,ако дојде до прекинување на ДНК низата (ако генетските информации се “скршени” или “оштетени”),новосоздадените клетки ќе бидат непотполни,нема правилно да функционираат,и како резултат на тоа,ембрионите умираат.При делба на клетката, ДНК се води како воз на шини.Во случај на оштетена ДНК,тоа е како да недостасува дел од шините-тогаш генетскиот воз скршнува.

•Задачата на спермата е безбедно да  го транспортира носачот на генетски информации –ДНК-во јајце клетката.Што повеќе оштетувања има во ДНК,потешко е спермата да ја изврши својата задача.На располагање постојат различни методи на испитување и проценка на ДНК оштетувањата (стапка на фрагментација).

• Во денешно време познато е дека неплодноста кај мажот е исто така поврзана со оштетувањето на  генетскиот материјал.Што повеќе сперматозоиди со оштетена ДНК,тоа е помала веројатноста за успешно зачнување. PROFERTIL® може особено да биде корисен за мажи над 35 години,бидејќи во оваа возраст почнува значајно да расте ризикот од оштетување на ДНК. Оштетувањето на ДНК како последица на стареење може да биде поврзано со зголемена веројатност за спонтан абортус1-2).

Sources:
1) Galaviz-Hernandez et al., Frontiers in Physiology 2019.
2) Sartorius et al., Human Reprod. 2010.

Две клинички студии покажале дека PROFERTIL® ја штити ДНК низата од оштетување.74,6% од корисниците на PROFERTIL® капсулите оствариле сигнификантно повишување на уделот на неоштетена ДНК на спермата после 3 месеци на употреба. 

N. Phillips, L. Taylor, G. Bachmann. Maternal, infant and childhod risks associated with advanced paternal age: The need for comprehensive counseling for men. Maturitas, 2019; 125: 81 DOI: 10.1016/j.maturitas.2019.03.02