ПЛОДНОСТ!
ПРВИОТ ЧЕКОР КОН РАДОСТА КОЈА ЈА НОСИ РАЃАЊЕТО
Доколку не доаѓа до зачнување после една година по пат на незаштитени сексуални односи ,потребна е медицинска проценка.СЗО ја дефинира неплодноста како „неможност од зачнување во тек на дванаесет месеци со редовни незаштитени сексуални односи.“ Точната дијагноза е пресудна за пронаоѓање на исправна метода за лечење.
Плодноста на мажите зависи од тоа дали ќе има доволен број на зрели и функционални сперматозоиди кои треба да бидат во женскиот генитален тракт во моментот на овулација.Секој пар кој посакува да има деца треба да биде свесен дека и машките и женските репродуктивни функции треба да функционираат заедно.Од таа причина,дијагностичката евалуација е подеднакво важна и за мажите и за жените.
АНДРОЛОГ
Експерт за машка неплодност
Андрологијата се бави со “репродуктивното здравје на мажите” и специјалност им е полето на урологијата.Во таа смисла,ова е пандан на гинекологијата.Андролошкиот преглед започнува со проценка на историјата на пациентот.Лекарот поставува прашања за детството на пациентот и развојот во периодот на пубертет.Меѓу првите прашања се проценуваат сексуалните навики во врските (честота на сексуалните односи итн.)Ова се надополнува со физички преглед на екстерните гениталии и ултразвучен преглед на тестисите.
Процесот исто така може да вклучи одредување на релевантни лабораториски параметри ( на пр. тестостерон,FSH, LH, пролактин). Фокус на прегледот е прецизна анализа на семената течност.Спермограмот има важна улога во идентификување на можната машка неплодност.Оваа анализа вклучува испитување на квалитетот на сперматозидот под микроскоп како би се утврдила шансата за успешно зачнување.Стручните лица одредуваат број,подвижност и облик на спермата.
Што би требало да знае Вашиот доктор:
•Историја на болеста на пациентот моше да даде важни индикации на можни нарушувања.
Од оваа причина,морате да го информирате Вашиот доктор за следното:
- Општи заболувања
- Заушки после пубертет
- Повреда на тестиси
- Операции
- Проширени вени
- Медицински третман поради тоа што еден или двата тестиси се наоѓале надвор од скротумот при раѓање
- Инфекција на мочниот канал
- Дијабетес
- Нарушување на функцијата на штитната жлезда
- Радиотерапија
- Полови заболувања
- Употреба на никотин,алкохол или дрога
- Можност да сте биле изложени на отров/отрови во опкружувањето
- Лекови кои мајката ги употребувала во текот на бременоста
- Наследни болести во фамилијата
ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ
PROFERTIL® Е ПРОВЕРЕНО РЕШЕНИЕ
Здрави промени во животните навики:
на пр. Балансирана диета,престанок со пушење и пиење алкохол,физичка активност и редовна релаксација
Доведување на тежината во нормални граници
Психотерапија
Репродуктивни медицински постапки
на пр. осеменување,вонтелесно оплодување или интрацитоплазмаѕска инекција на сперма